Полициски службеници од СВР Велес на 7 јули 2025 година во 19:40 часот го привеле 21-годишниот В.Н. од село Раштани, велешко, под сомнение дека го предизвикал сообраќајниот инцидент кој се случил на 26 јуни годинава во Велес.
Несреќата се случила на улицата „8 Септември“, кога В.Н., управувајќи мотоцикл, удрил во 79-годишниот пешак П.З. од Велес, по што ја напуштил локацијата без да му укаже помош. Пешакот притоа се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница Велес.
По преземени мерки и спроведена истрага, В.Н. бил лоциран и приведен во полициска станица. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.