На 14.11.2024 во 02.45 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Г.Ш.(45) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Велес го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените и присутните во објектот, а откако дошле полициските службеници агресивно се однесувал и кон нив.
Г.Ш. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.