Приведен велешанец поради сомнеж за поседување дрога во угостителски објект

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес во текот на ноќта приведоа еден маж поради сомнеж за поседување наркотични супстанци. Според информациите добиени од МВР, во рано утринските часови на 25 мај 2025 година, околу 2:00 часот, при рутинска контрола во еден угостителски објект во Велес, полициските службеници го приведоа Б.А. (31) од Велес.

При полицискиот преглед, осомничениот од својот џеб извадил и фрлил на земја пакување со бела прашкаста материја за која се сомнева дека се работи за наркотична супстанца.

Agria

Материјата веднаш била пронајдена и одземена од страна на полицијата. Приведениот маж е задржан во полицијата станица во Велес, а за случајот е известен надлежниот јавен обвинител.

По комплетното документирање на настанот, против Б.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Одземената материја ќе биде испратена на лабораториска анализа за да се утврди нејзината точна природа и состав.

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: