На 19 јули 2025 година, околу 20:00 часот, во Секторот за внатрешни работи Велес, 22-годишната А.М. пријавила дека нејзиниот татко, И.М. (43) од Велес, телефонски упатувал сериозни закани по животот и телото кон неа и кон В.М., со кого таа била во врска.
Како што информираа СВР Велес, заканите предизвикале страв и чувство на несигурност кај А.М. и нејзиниот партнер. Полицијата веднаш реагирала и го привела И.М., кој е задржан во полициска станица.
За случајот е известен и надлежен јавен обвинител, а во тек е понатамошна истрага за целосно расчистување на случајот.