Полициски службеници од СВР Велес привеле 20-годишна битолчанка, бидејќи се сомничи дека вчера извршила разбојничка кражби од дом во центарот на градот.
Содржината продолжува под рекламата
„Денеска (17.03.2023) во 11.45 часот полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода С.К.(20) од Битола. Таа се сомничи дека на 16.03.2023 околу 17.00 часот извршила разбојничка кражба во дом на улица „8 Септември“ при што одземала разновиден златен и сребрен накит“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Дел од пронајдените предмети се одземени и вратени на сопственикот. Лицето било приведено во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: