Две лица биле приведени од страна на полоциските службеници откако било констатирано дека вршеле ископ на земја на ул.„Браќа Петковиќ“ во с.Башино Село со што предизвикале оштетување на водоводна инсталација, односно ја прекинале доводната цевка и настанал прекин во снабдување со вода за целото село.
„На 30.06.2022 во с.Башино село, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.И.(46) од с.Бузалково, велешко и М.Ј.(35) од Велес. Тие биле затекнати со работна машина – багер при ископ на земја на ул.„Браќа Петковиќ“ во с.Башино Село со што предизвикале оштетување на водоводна инсталација, односно
ја прекинале доводната цевка и настанал прекин во снабдување со вода за целото село“,соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Увид извршила екипа од СВР Велес, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Mожеби ќе ве интересира: