На 10.08.2023 по претходно добиена наредба од Основен суд Велес извршен е претрес во домовите на три лица во Велес. При претресот кај З.Ј. (50) од Велес се пронајдени и одземени две саксии со садници канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, едно пакување со опиум, едно пакување со амфетамин и дигитална вага.
Содржината продолжува под рекламата
При претресот кај Д.Ј. се пронајдени и одземени марихуана и поголем износ на пари, додека кај З.Ј. (26), двајцата од Велес, се пронајдени и одземени саксија канабис сатива и марихуана.
Содржината продолжува под рекламата
Лицата се приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Можеби ќе ве интересира: