Тројца млади велешани се приведени од велешката полиција откако била пронајдена марихуана во возилото со кое се превезувале.
Содржината продолжува под рекламата
„На 02.04.2023 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.С.(19), Г.К.(19) и Љ.С.(20), сите од Велес. При преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, со кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: