Нема да се наплаќа за паркинг на споредните улици во Велес, додека некои од нив не се реконструираат и обележат. Вакава одлука донесе Советот на Општина Велес на последната седница. Таблите за плаќање паркинг веќе се отсранети од улицата Лазо Осмаков (позади кафе баровите), д-р Христо Татарчев (кај ООУ Васил Главинов) и кај маркетот КАМ во Нова Населба. Граѓаните можат слободно да ги паркираат своите автомобили таму, без да праќаат СМС пораки.
Советот на Општина Велес ја донел оваа одлука, за да може општината да ги асфалтира улиците кои с ево лоша состојба, а потоа да ги обележи паркинг местата. По ова, останува наплата на паркинг само на паркинг плацовите во градот.
Текстот продолжува под огласите
Веќе една недела во Велес се применува зонското платено паркирање. Откако почна, забележливо е дека паркинзите кои до скоро беа преполни со возила, посебно во центарот на Велес, се речиси празни.
Текстот продолжува под огласите
Велес е поделен на три паркинг зони, „А“, која е црвена зона има три подзони, втората зона „ Б“ е зелена и има девет подзони, и третата паркинг зона „Ц“ е жолта и има две подзони. Цената за еден час паркирање во зоната „А“ е 30 денари, во зоната „Б“ е 20 денари и во зоната „Ц“ е 10 денари.
Дневна карта за паркирање во сите зони е 400 денари. Во недела и на државни празници паркирањето ќе биде бесплатно за сите, а за граѓаните се издаваат повластени паркинг карти.
Можеби ќе ве интересира: