Во рамките на манифестацијата Велешко лето, организирана од Општина Велес, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ реализираше промоција на детската книга „Да се биде дете“ од Наташа Брезовска-Богоевска, во издание на „Бата Прес“. Настанот се одржа во паркот Каршијака и привлече голем број деца и родители. Книгата е шеста по ред на авторката, која со своето творештво постојано се обраќа на најмладата публика со љубов и креативен дух.
Промоцијата се одржа на отворено и беше вистински празник за децата. Тие не беа само публика, туку и активни учесници , читатели, промотори и изведувачи на содржината од книгата. Преку игра, прашања и одговори, децата го изразуваа своето разбирање и доживување на делото.
Највнимателните учесници беа наградени за точни одговори, а целиот настан заврши весело, со цртање на плочникот во паркот, каде што децата преку своите цртежи ја претставија радоста на детството.