Промовирана збирката раскази „Човекот без сенка“ од Ѓоре Ѓелев

Gore Gelev promocija

Младиот роднокраен автор Ѓоре Ѓелев вчера во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ ја промовираше својата прва збирка раскази „Човекот без сенка“.

Zito akcija 640x289px

Промоцијата беше проследена од многубројна публика, а промотор на книгата беше д-р Игор Радев. Авторот во својот говор им се заблагодари на сите кои досега го подржуваа, а најмногу на својата фамилија.

Agria

„Портретите на ликовите кои што се прикажани, сите тие си имаат своја длабочина, своја личност и фактички преку нив се искажува сложеноста на сите човечки искуства, притоа подобрувајќи ја врската на читателот што ја има со наративот. Во врска со секој расказ, заедно со договор со Ѓоре, бидејќи тој е многу креативен, користевме различни динамички поставки.Некаде имавме раздвижени градски улици, на некои од расказите имаме мирни пејсажи, сето тоа е во зависност од тоа каква драма треба да се развива позади таа приказна, изјави илистраторката Славица Купенкова.

За Ѓоре Ѓелев ова е трета книга, откако претходно ги објави стихозбирките „Тежината на вториот чекор“ и „Лиричност од Шекспирова“.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: