На 23.09.2022 во 16:10 часот на ул.„Солунска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода малолетник од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во Скопје пак, на 23.09.2022 во 22:30 часот на ул.„Ѓорѓи Пулевски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.09.2022 во 21:15 часот на ул.„Даме Гагалески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.Б.(18) и малолетник, двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: