Пронајдена минофрлачка граната кај реката Вардар во близина на Градско

Stara bomba 1 svetska vojna

На 4 јули 2025 година околу 19:30 часот, во Секторот за внатрешни работи Велес, лице од Градско пријавило пронајдок на експлозивна направа покрај брегот на реката Вардар.

Според информациите од полицијата, 32-годишниот Д.И. од село Градско, пронашол минофрлачка граната на локација позната како „Песоците“, во атарот на старо Градско. Веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско излегле на терен и го обезбедиле местото за да спречат потенцијална опасност за граѓаните.

Agria

На лице место пристигнал и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој ја подигнал гранатата на безбеден начин и ја транспортирал за понатамошна обработка и неутрализација.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: