Во реката Вардар, на влезот во Велес во близина на местото викано Бентот, денеска напладне било пронајдено тело на починато машко лице, информираат од СВР Велес.
Случајот бил пријавен на 6 јули околу 12:05 часот од страна на Итната медицинска помош. На лице место излегле полициски екипи кои извршиле увид, а за настанот бил известен и јавен обвинител.
Станува збор за лице со непознат идентитет, а по наредба на обвинителот телото ќе биде дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта, како и неговиот идентитет.
Од полицијата информираат дека истрагата е во тек и се преземаат мерки за расветлување на случајот.