По пет дена интензивна потрага, во водите на реката Вардар, во близина на селото Старо Градско, денеска околу 12:10 часот е пронајдено телото на 16-годишното девојче кое исчезна на 24 јули во истата река, во атар на село во општина Градско.
На местото на настанот извршен е увид од полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Полицијата продолжува со прибирање на информации околу случајот, а засега не се соопштени дополнителни детали за околностите под кои девојчето исчезнало.