Расте бројот и на заразени и на починати, Велес засега „се држи“

Infektivna klinika Skopje naslovna

Во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на КОВИД-19. Од нив, девет се регистрирани во Велес, каде што на инфективното одделение во болницата се хоспитализирани 12 пациенти. Од нив, 11 се потврдени позитивни и еден е сомнителен на ковид-19. На кислородна поддршка се 5 пациенти. Со негативен тест, денеска е испишан еден пациент како оздравен . 

Zito akcija 640x289px

Најголем број од новозараззените денеска се регистрирани во Скопје 314, па во Гостивар 187 и Тетово 160. Голем број заразени има и во Куманово каде што се регистрирани 84 случаи, но и во Струмица 60, Кичево 47, Охрид 38, Дебар 30, Струга 27, Прилеп 25, Битола 20, Штип и Ресен по 12 и Радовиш 11.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Едноцифрен број новозаразени има во Велес и Кочани по 9, Берово и Виница по 6, Кратово 5, Кавадарци и Свети Николе по 4, Пробиштип 3, Неготино и Пехчево по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Текстот продолжува под рекламата

Пријавени се 15 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (37г,43г и 49г), Куманово (46г,55г и 63г), Тетово (60г,65г и 79г) и Гостивар (53г,69г и 77г) и по едно лице од Струмица (52г), Струга (43г) и Кичево (77г). Сите пријавени починати лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 91 оздравени пациент од: • Скопје – 35• Гостивар – 12• Тетово – 9• Кичево и Дебар – по 8• Куманово и Струмица – по 5• Прилеп и Радовиш – по 2• Битола, Кавадарци, Штип, Ресен и Крива Паланка – по 1.Досега во земјата се направени вкупно 1.079.818 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23069/bitolskiot-teatar-so-tri-a-veleshkiot-so-edna-nagrada-na-ifad-stobi-2021/