Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, вчера на прес-конференција ја објави новата одлука на Извршниот одбор на партијата, со која се дава согласност за нови кандидатури за градоначалници во пресрет на претстојните локални избори.
Како што информираше Филипче, станува збор за кандидатури во уште 16 општини ширум државата, меѓу кои и кандидат за Град Скопје, односно потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.
Меѓу потврдените имиња е и актуелниот градоначалник на Општина Чашка, Горан Стојановски, кој ќе се кандидира за трет мандат. СДСМ ја истакнува неговата досегашна работа и континуитетот како клучни причини за поддршката за нова кандидатура.