Претседателката на ОО СДСМ Велес, Даница Чадиева, заедно со пратеничката Даниела Стојановска Пановска остварија средба со пензионерите од градот.
На средбата, тие им порачаа дека како Влада, СДСМ се грижи за пензионерите, и дека ги релизирале невните ветувања и ја исполниле нивната должност, да им обезбедат пристојна, достоинствена старост на пензионерите. Особено во време на криза.
„Затоа и ги зголемивме пензиите, а се осигуравме дека и понатаму ќе растат, без никој да ги условува. Тоа е вистинска грижа, тоа е почит“, велат од СДСМ Велес.
Од СДСМ велат дека просечната пензија само со ова мартовско покачување се зголемува од 17.666 на 19.150 денари.
На крајот од партиското соопштение на локалниот огранок на СДСМ се вели дека со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување сега и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% за само 1,5 година!
Од таму додадоа дека дека никогаш досега во историјата на државата се нема случено покачување на пензиите за 25%.
Можеби ќе ве интересира: