Дали „високи функционери“ имаат купено плацови на езерото Младост и дали локалната власт има договор со градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, да гради хотел на езерото, праша на денешната прес конференција Пандорка Прличкова, член на Советот на Општина Велес, од редовите на СДСМ. Таа изрази сомнеж дека за да се сокрие вистината од велешани, седницата на Советот на која се изгласа продажба на неколку атрактивни парцели на езерото, се организирала „он-лајн“, наместо во живо.
„Јавно го прашуваме Марко Колев, дали високи функционери имаат купено плацеви на езерото и дали со еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ имаат договор да гради хотел на езерото Младост? Затоа ли се организираше он-лајн седница, наместо во живо, за вистината да биде скриена од велешани, праша Прличкова.
Содржината продолжува под рекламата
Од велешката организација на СДСМ велат дека мнозинството во Советот го одбил нивниот предлог да се симне од дневен ред точката за продажба на двете парцели за хотели, една за мотел, седумте парцели за изнајмување на плажи и четири шанкови со вкупна цена од 100.000 евра на езерото „Младост“. Според нив, пред донесувањето на одлуката за продажба, требало да се организира јавна расправа, на која ќе биде презентирана фактичката состојба на езерото. Прличкова ги повика советниците од Левица, кои утре најавија организирање на трибина на оваа тема, да не го прават тоа, оти му создавале алиби на градоначалникот Колев, кој всушност бил најповикан да организира јавна расправа.
Содржината продолжува под рекламата
„Единствен кој треба да организира јавна трибина е Марко Колев и општина Велес, затоа што велешани имаат право да знаат што навистина планира актуелната власт со крајбрежјето на велешкото езеро, а не квази јавни трибини со цел амнестирање на Колев и ДПМНЕ од одговорноста“, рече Прличкова.
Советничката група на СДСМ најави дека на следната седница на Советот ќе поднесат барање да се забрани градење на објекти кои ги нарушуваат флората и фауната на езерското крајбрежје и да се продолжи планското пошумување на деловите кои изгореа во пожарот пред две и пол години.
Една недела откако советниците на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ја изгласаа одлуката за продажба на атрактивни плацови на езерото Младост, за СДСМ таа е скандалозна, Од локалната опозициска партија велат дека нема да дозвоат безредие и секоја злоупотреба на функција ќе ја пријават кај надлежните институции, за да ги заштитат на граѓаните, но и природните убавини на Велес.
Вечерва дебата во живо на фејсбук страницата на Батали.нет
На темата околу продажбата на атрактивни плацови на езерото „Мадост“, Батали.нет вечерва (вторник, 8 февруари) во 19 часот, на својата фејсбук страница ќе емитува дебата во живо, на која ќе учествуваат градоначалникот на Велес Марко Колев и советниците Игор СМилев од Левица, Кирил Гајдов од коалицијата на СДСМ и Дејан Палашев од ВМРО ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира: