Се чекаат резултатите од тестирањето на коронавирус на велешанецот, кој имаше сомнителни симптоми. Директорот на Центарот за јавно здравје Велес Тони Димитриевски за Батали рече дека резултатите сеуште не се стигнати и дека не може предвреме да се зборува за тоа дали човекот е заразен или не.
Тој смета дека во ваква кризна ситуација, мора да се биде внимателен со информациите и да се објавуваат само проверени информации од релевантни извори.
Димитриевски вели дека во текот на денешниот ден треба да пристигнат резултати од тестови за повеќе лица од Велес и регионот.
Инаку, Батали вчера објави дека маж кој пред 10 дена се вратил од Шведска и кој има симптоми слични на коронавирусот од завчера е хоспитализиран на Инфективното одделение при велешката Општа болница. Имал висока температура и сува кашлица, а добил и мозочен удар.