Жител на велешкото село Горно Оризари бил нападнат од неговиот седум години помлад братучед во саботата вечер, соопшти полицијата.
„На 12.09.2020 околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во с. Горно Оризари, велешко, Б.Х. (30) бил физички нападнат од неговиот братучед С.Х. (23)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Истата вечер тепачка се случила и пред продавницата во селото Долно Караслари.
„На 12.09.2020 околу 20.30 часот во СВР Велес, З.И.(52) од с.Долно Караслари, велешко, пријавил дека пред продавница во селото бил физички нападнат од едно лице“, рече Додевски.
Полицијата работи на расчистување и на двата случаи.
Можеби ќе ве интересира