Саботната вечер во еден велешки дом завршила со две пријави и една класична македонска семејна драма. Прво, 34-годишна велешанка околу 17:25 часот пријавила во полиција дека нејзината 59-годишна свекрва ја нападнала по кратка расправија.
Два часа подоцна, на истото место — СВР Велес, повторно познатите ликови, но во обратни улоги: свекрвата пријавила дека снаата ѝ се заканувала дека ќе ја нападне.
Полицијата случајот го документира и најавува соодветни поднесоци. Велешани, пак, велат дека вакви „епизоди“ во некои домови се прикажуваат почесто од турските серии, само што тука нема реклама пред следната сцена.