Серијалот за велешките фудбалски легенди, наречен „Мојата фудбалска приказна“, од вечерва ќе започне да се емитува на фејсбук страницата на Батали.нет. Серијалот опфаќа 10 емисии, посветени на најголемите фудбалски легенди, кои оставиле печат во развојот на фудбалот во Велес и афирмацијата на ФК Борец. Првата сезона од овој спортски серијал завршува со 11-та бонус емисија, посветена на починатите фудбалски легенди од градот.
Премиерите на емисиите ќе се емитуваат секој прв петок во месецот, почнувајќи од вечерва (04.02.2022 година) со почеток во 19 часот. Честа да го отвори овој серијал ќе ја има најстарата жива фудбалска легенда во Велес – Тодор Мијаков Кошот. Во 25 минутната епизода, Мијаков зборува за развојот на фудбалот во Велес, за неговите фудбалски почетоци, за победите и поразите, а во емисијата се откриваат и некои помалку познати случки од фудбалската историја на Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Освен Тодор Мијаков – Кошот, во првата сезона од „Мојата фудбалска приказна“ ќе ги видиме фудбалските легенди Димче Шопов – Димац, Трајче Ковачев – Зебец, Јосе Николов, Љубе Велковски – Љубешко, Перо Ранготов, Благој Петров, Тоше Нацев, Јованче Настев и Илчо Боров, а ќе се потсетиме и на фудбалските легенди кои не се меѓу нас – голманот Зоран Паунов и фудбалскиот судија Ристе Темелков.
Содржината продолжува под рекламата
Серијалот изобилува со досега необјавени фотографии и архивски снимки. Овој проект е во продукција на Батали.нет, а извршен продуцент е уште една фудбалска легенда на Велес – Панче Ќумбев.
Емисијата можете да ја следите кликнувајќи тука
Најава за емисијата со Тодор Мијаков – Кошот:
Најава за серијалот „Мојата фудбалска приказна“:
Можеби ќе ве интересира: