Сеуште е активен пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес каде што гори мешана шума, како и во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде што огнот зафатил деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, информираа од Центарот за управување со кризи.
До 08.00 часот утрово во земјава се евидентирани 21 пожар, од кои активни се 2, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Под контрола е ставен пожарот во селото Николиќ во Општина Дојран за чие гасење вчера беа ангажирани и два авиона Ер трактор.