Силниот дожд вчера ги поплави подрумски простории во „Македонска пошта“, Велес информираат од Центарот за управување со кризи.
Текстот продолжува под рекламата
Пожарникари од територијалната противпожарна единица од Велес вчера испумпувале вода во подрумски простории во „Македонска пошта“. Велешките пожарникари синоќа интервенирале и во извлекување на камион што бил заглавен на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
Текстот продолжува под рекламата
Граѓаните се уште треба да бидат внимателни заради можно невреме. Од УХМР известија дека денес во Велес времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Инаку, за време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник.
Можеби ќе ве интересира: