Сообраќајот денеска се одвива под зимски услови, но дали надлежните служби беа подготвени за снежните врнежи кои ги погодија земјата? На некои од клучните патни правци се воведени забрани за тешки товарни возила, а делови од патната мрежа се затворени заради опасност од појави на одрони и лизгави коловози.
Во велешко сите патни правци се проодни, известија од Центарот за управѕвање со кризи. Во Општина Чашка врнежите се поинтезивни, но патиштата се чистат од страна на Комуналното претпријатие.
„РЦУК – Велес, известува дека во Општина Чашка во населените места село Јасеново и село Богомила има врнежи со снег и истите во мометот се чистат од страна на Комуналното претпријатие. Истите се проодни за сообраќај. Општините Велес и Градско има врнежи, но сите патни правци се проодни и исто така редовно од рани утрински часови се чистат“.