Слободанка Чичевска добитничка на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2025

Слободанка Чичевска актерка на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ е добитник на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2025 година што ќе и биде врачена во рамките на програмата на  4. Тетарски фестивал „5 РЕ“, кој што почнува в четврток.

Zito akcija 640x289px

Вака одлучи Жири комисијата за доделуање на наградата во состав Александар Ѓорѓиев пензиониран актер заедно со актерите Зорица Панчиќ и Тони Михајловски, информира Александар Ѓорѓиев на денешната  прес – конференција по повод претстојното 4. издание на Театарскиот фестивал „5 РЕ“ во Велес. Беше истакнато дека Слободанка ја имала таа можност во најраната младост да одигра многу улоги заедно со доајенот на македонското глумиште Петре Прличко на сцената на стариот велешки театар, кој што неодамна е целосно срушен.

Инаку, годинава во конкуренција за оваа престижна награда била и актерката на битолскиот театар Соња Михајловска.

Agria

Наградата за животно дело од актерството „Петре Прличко“ се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и благодарница, како и паричен дел. Се доделува од 2006 година, а прв добитник беше актерот Благоја Спиркоски Џумерко. 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: