Со 5,6 милиони евра се обновува регионалниот пат Велес – Градско

Rekonstrukcija na Gradsko Veles

Регионалниот пат Велес – Градско (стариот пат Велес – Градско) комплетно се рехабилитира во должина од 20 километри. Инвестицијата е 5,6 милиони евра, обезбедни преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми, вчера извршија увид во градежните активности, кои се очекува да завршат годинава. При увидот тие остварија средба и со претставници на изведувачот и надзорот на која беа информирани за динамиката на градежните активности кои се реализираат на терен.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Овој регионален пат е дел од вкупната инвестициона активност во модернизација на патиштата низ земјава. Со директорот Рустеми на лице место се уверивме во градежните активности. Иако се минусни температури, изведувачот работи со предвидената динамика за овој период од годината, се работи на расчистување на трасата, на тампонирање на одредени делници и гребење на постоечкиот асфалт. Создадени се сите услови за времен режим на сообраќај со што сите граѓани од околните населени места можат да го користат овој пат согласно поставената сигнализација“, изјави министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека рехабилитацијата на овој регионален пат е во должина од 20 километри, патот се реконструира со променлива ширина на коловозот од 5,5 метри до 7,1 метар. Динамиката на работа оди според предвиденото темпо и се очекува да биде завршен оваа година.

При вчерашната посета на општина Градско, министерот Бочварски се сретна и со градоначалникот Киро Нацков, со кој потпишаа договори за реконструкција на две улици во општината во вредност од околу 12 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: