Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Советот на Општина Велес на вонредна седница донесе ново сообраќајно решение

Veles soobrakaj

Поради состојбата со мостот кај Башино село, денес на вонредна седница, советот на Општина Велес донесе ново сообраќајно решение.

Zito akcija 640x289px

Со новиот времен сообраќаен режим, се предвидува, тешките камиони со носивост над 8 тони, да влегуваат во Велес клучка кај с. Каласлари низ Долнодуќани ул. Димко Најдов, потоа продолжува право по ул. 8ми Септември каде заради побезбедно одвивање на сообраќајот се забранува уличното паркирање со што ќе се добие поширока сообраќајница, потоа на ул. Гоце Делчев и ул. Страшо Пинџур се менува режимот на сообраќај и по истите ќе се одвива еднонасочен сообраќај. Улиците Страшо Пинџур и Гоце Делчев пак ќе бидат еднонасочни, во правец кон новиот дел на градот, улицата 8 септември во центарот на Велес повторно ќе биде целосно предвидена за сообраќај, ќе се отстранат чуневите од улицата, која ја делеше на пешачка зона и за автомобили и е забранува уличното паркирање. Улицата Алексо Демниевски Бауман ќе биде двонасочна и низ неа ќе минат тешките камиони во правец кон индустрискиот дел.

За да се избегне метежот и загушување на сообраќајот движењето на товарниот сообраќај се ограничува временски во периодот од 22:00 до 06:00 часот. Овој сообраќаен режим би траел 60 до 90 дена, додека не заврши санацијата на мостот на Башино село.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: