Средношколци од Велес и Струмица дискутираа на тема органодонорство

Strumica europe house
Strumica europe house

Ученици од средните училишта „Димитар Влахов“ од Струмица и „Кочо Рацин“, „Димитрија Чуповски“, „Јовче Тесличков“ и „Коле Неделковски“, од Велес претходните два дена учествуваа во дебата на тема органодонорство што е дел од активностите на проектот на Европската Унија за подигнување на јавната свест за органодонорството и трансплантацијата во земјава.

Zito akcija 640x289px

На дебатите кои се одржаа во просториите на Европска куќа (Europe House) во двата градови, покрај средношколците присуствуваа и Националниот координатор за трансплантација на органи и ткива д-р Маја Мојсова Мијовска, заменик националниот координатор д-р Билјана Андоновска и Адријана Георгиев, Раководителка на Програмата за трансплантација на органи и ткива при Министерството за здравство.

Agria

„Донорите, семејствата на донорите, со своите одлуки, носат една нова надеж, поинаква човечка димензија на дарувањето. Тоа е начинот да покажеме и една друга перспектива, наспрема свртеноста кон себе си и индивидуализираноста. Сакаме на младите да им ја пренесеме пораката дека не постојат табу теми и теми за кои се плашиме да зборуваме. Неопходен ни е разговор дури и на тие теми и мораме притоа да градиме ставови. Некогаш животот нѐ носи во ситуации кога ни е потребно да се донесат важни одлуки. Органодарувањето е една од тие одлуки – вели др Мојсова. Дарителите на органи се херои, и семејни, но и општествени. Спасуваат животи, менуваат приказни, дел се од највисоките хумани чинови за кои знае човештвото. Нив и на нивните семејства им се поклониваме“, објасни др Мојсова.

На средбата се отворија и прашања за начините на кои се станува донор, за етичките принципи на органодарувањето, за возрасната граница на донорите и реципиентите, за заштитата на личните податоци, и уште многу други поттеми.

„Додека во короната секаде паѓаше бројот на органодарители, во нашата земја тој број имаше пик. Како земја, имаме принцип на претпоставена согласност за органодарување, но, секогаш последниот збор го има семејството. Неговата согласност ни е најважна, вели таа. Еден донор може да спаси осум животи, а во поглед на трансплантација на ткива може да биде подобрен животот и на стотина други пациенти“, нагласи Андоновска.

Исто како што беше неодамна во Скопје, и во овие градови младите изразија голема заинтересираност и отвореност да разговараат на една тема која е олицетворение на тенката линија помеѓу животот и смртта. Поставуваа прашања, споделуваа ставови, поттикнуваа дискусија.

Учениците имаа можност да погледнат и кусо документарно видео со фокус на органодонорството и трансплантацијата, но, и да дадат свој фидбек за пристигнати решенија на Повикот за визуелни дела за средношколци и професионални дизајнери на тема органодонорство, чии победници ќе се соопштат наскоро.

„Фасцинирана сум од сѐ што слушнав. Темата е мрачна, но, многу ме допре. Верувам дека ваквите средби придонесуваат да научиме многу повеќе за процесите, но, и за човечноста, за надежта, за љубовта, изјави една од ученичките.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: