Средношколец донел албанско знаме и го истакнал во дворот од средното стручно училиште „Јовче Тесличков“ во Велес, информираат од Велешката полиција.
Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Васко Трајковски пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.
„Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено“, информираат од СВР Велес.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: