Вчера околу 12 часот во СВР Велес е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот на делницата од Градско кон Велес, во која патничко возило „Рено Лагуна“ со германски национални ознаки излетало од коловозот.
Според информациите од полицијата, возилото било управувано од 81-годишниот М.Р., државјанин на Република Србија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка, 68-годишната Д.Б., исто така од Србија. Повредената е пренесена во Општата болница Велес, каде што ѝ се констатирани тешките телесни повреди.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.