Страв и вознемиреност во велешката населба Отовица поради агресивни кучиња

kuce

Жителите на велешката населба Отовица алармираат на зголемен број инциденти со кучиња кои, според нив, се движат без надзор и предизвикуваат сериозен страв, особено кај семејствата со мали деца.

Последниот случај, според сведочења од теренот, се случил на 22 јуни, кога група кучиња влегле во дворно место и нападнале домашни животни. Настанот ја разгорел загриженоста кај населението, кое веќе подолг период предупредува на проблемот.

Agria

Граѓаните посочуваат дека проблемот најчесто произлегува од домашни миленици кои се пуштаат без контрола, при што одговорноста ја лоцираат кај сопственици кои, најчесто поради возраст или здравствени причини, не можат да ги надгледуваат своите кучиња.

„Пешачењето станува ризик. Луѓето веќе одбегнуваат да се движат пеш, дури и на кратки релации. Родителите стравуваат за безбедноста на своите деца,“ велат жители од населбата, кои побараа нивниот идентитет да остане анонимен.

Полицијата го потврдува инцидентот што се случил на 22 јуни.

„На 22.06.2025 во 10.25 часот во СВР Велес, Ѓ.Б.(40) од Велес пријави дека три кучиња на неговиот сосед Љ.П.Т. влегле во неговиот двор во село Отовица, велешко и ја усмртиле неговата мачка домашем миленик, по што неговото куче домашен миленик исчезнало. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, изјави Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Граѓаните упатуваат апел до општинските служби и надлежните институции да преземат мерки – од зголемен инспекциски надзор до потенцијално санкционирање на неодговорни сопственици.

Отовица, велат тие, заслужува чувство на сигурност, а не секојдневна неизвесност поради неконтролирани животни. Очекуваат брза интервенција за повторно воспоставување на јавниот ред и безбедност.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: