По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, Секторот за внатрешни работи Велес денеска спроведе пошумувачка акција на просторот околу езерото Младост, една од најпосетуваните туристичко-рекреативни локации во близина на градот.
Акцијата имаше за цел да ја поттикне свеста за заштита на животната средина и да ги мотивира граѓаните, заедно со полицијата, активно да се вклучат во создавање на поздрава околина за сегашните и идните генерации.
Во соработка со ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Бабуна“, беа обезбедени садници кои полициските службеници ги засадија на однапред определени локации околу езерото.
Од СВР Велес порачаа дека полицијата останува цврст партнер на граѓаните не само во обезбедувањето на јавниот ред и мир, туку и во заедничките напори за унапредување на животната средина и продлабочување на соработката со локалната заедница.