Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

СВР Велес со нови измени и пренасочувања на сообраќајот

Veles soobrakaj

Поради зголемен интензитет на сообраќајот во Велес, предизвикан од затворањето на дел од регионалниот пат Р-1312, односно мостот на река Вардар кај село Башино село, од страна на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес се преземаат мерки и активности за зголемена мобилност во градот, односно со измени и пренасочувања на сообраќајот, во одредени интервали во текот на денот, особено во времето од 10 до 18 часот, во зависност од потребата и густината на сообраќајот.

Zito akcija 640x289px

На улица „Димитар Влахов“ кај место викано „Стара бензинска“ се пренасочува товарниот сообраќај преку автопатот А-1 Велес – Градско, кон вториот влез на градот Велес, односно преку улица „Димко Најдов“, од каде е регулиран влезот на товарниот сообраќај. На крстосницата од улица „Димитар Влахов“ и „Петре Прличко“ приодот кон автобуската станица физички ќе се регулира сообраќајот со пренасочување кон автобуската станица, нема да се дозволува непрописно паркирање и по потреба ќе се пренасочува сообраќајот по улица „Петре Прличко“ кон местото викано Стар мост.

На крстосницата од улиците „Петре Прличко“, „Кресненско востание“ и „Ангел Мишев“ физички ќе се регулира сообраќајот на крстосницата и ќе се дозволи движење само на автобуси кои сообраќаат кон автобуската станица и граѓани кои живеат во тој дел од градот или имаат итна потреба во тој дел од градот, а исто така нема да се дозволи паркирање на возила на крстосницата и улиците „Петре Прличко“ и „Анѓел Мишев“. На крстосницата од улиците „Ангел Мишев“ со „ЈХК Џинот“ кај место викано Малина физички ќе се регулира сообраќајот на крстосницата, и нема да се дозволи паркирање на улицата „Ангел Мишев“ на потег од Малина до градскиот пазар. На место викано Стар мост физички ќе се регулира сообраќајот на крстосницата и за време на движење на возови, ќе се затвори за сообраќај кон и од Стар мост, и нема да се дозволи непрописно паркирање на возила на улица „8-ми Септември“.

На место викано Стара аптека физички ќе се регулира сообраќајот на крстосницата, нема да се дозволи запирање и паркирање, полукружно свртување на недозволени места. На кружен тек (плоштад) физички ќе се регулира сообраќајот на кружниот тек, и нема да се дозволи запирање и паркирање на улица „8-ми Септември“. На плоштад „С’рмаале“ физички ќе се регулира сообраќајот на крстосницата и нема да се дозволи запирање и паркирање на недозволени места, со цел да се обезбеди нормално движење на возилата и пешаците.

На место викано Пошта физички ќе се регулира сообраќајот на крстосницата и нема да се дозволи запирање и паркирање на недозволени места. Исто така, Ве известуваме дека двонасочно се одвива сообраќајот по улицата „Алексо Демниевски“. Во зависност од густината на сообраќај, кон мост „Гемиџии“ во правец од кружен тек кон ДОС, по потреба, односно за поминување на специјални возила (Брза помош, полиција, пожарна…) сообраќајот ќе биде пренасочен од кружен тек (плоштад) кон Стар мост. Во зависност од потребите и проценката за мобилност, пренасочувањето на сообраќајот во градот може и да се менува. Апелираме за доследно почитување на наредбите давани од полициските службеници на терен. Ви благодариме за разбирањето.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: