Театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ со „Галеб“ на престижниот фестивал „Театар на тврдината“ во Смедерево

Prestava GALEB

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес денес со својата најнова продукција, драмата Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Александар Ивановски, ќе настапи на реномираниот меѓународен театарски фестивал „Театар на тврдината“ во Смедерево.

Ова е 12. издание на фестивалот „Театар на тврдината“, кој се одржува од 24 до 29 јуни во уникатниот простор на Малиот град на Смедеревската тврдина, еден од највпечатливите историски локалитети во Србија. Фестивалот е познат по тоа што собира значајни театарски продукции од регионот, нудејќи им на публиката исклучително културно искуство во автентична амбиентална сценографија.

Agria

Настапот на велешкиот театар е уште едно признание за квалитетот и уметничката вредност на домашната сцена, а претставата „Галеб“ ветува длабоко емотивна и современа интерпретација на класичното дело на Чехов.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: