Телефони и дрога пронајдени кај затвореник во затвор во Велес

Zatvor Veles

На 26.10.2024 од отворено одделение Велес при Казнено поправна установа Затвор-Идризово, било пријавено дека околу 17 часот при преглед на А.С.(34) од Велес, осудено лице кое издржувало мерка во установата, биле пронајдени дигитална вага, пакување со жолта прашкаста материја и два мобилни телефони, кои од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес биле одземени.

Zito akcija 640x289px

„Од страна на полициски службеници од затворска полиција, А.С. бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор-Идризово за доиздржување на казната“, известија од СВР Велес.

Agria

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори", казниво по чл. 215 од КЗ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: