22-годишен велешанец синоќа, петнаесетина минути пред полицискиот час, бил физички нападнат од две повозрасни од него лица, пред угостителски објект во Велес, јави полицијата.
„На 11.05.2021 околу 22.45 часот во СВР Велес било пријавено дека пред угостителски објект во Велес, В.Н.(22) од Велес бил физички нападнат од Т.К.(37) и С.К.(27)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: