Тешко повреден 50 годишен велешанец е епилогот од вчерашната сообраќајна незгода која се случи на улица „Наум Наумовски“ во попладневните часови. Поради увидот на местото, сообраќајот во тој дел од градот се одвиваше со потешкотии.
Текстот продолжува под рекламата
„На 10.01.2023 околу 15.35 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Наум Наумовски“ во Велес, патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Е (32) од Велес, удрило во пешак К.Д.(50) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Д. констатирани во Општа болница Велес“.
Текстот продолжува под рекламата
По овластување на Јавен обвинител, увид на место на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: