Возачот на автомобилот во кој утрово удри воз кај железничкиот премин во близина на Порцеланка се сдобил со тешки телесни повреди и е префрлен во велешката болница, соопшти велешката полиција.
„На 24.04.2020 година околу 06.40 часот на патниот премин кој се наоѓа кај влезот на Фабриката за порцелан во Велес, товарниот воз кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп удрил во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(19) од с.Согле, општина Чашка. Возачот со тешки телесни повреди е пренесен во Болницата во Велес. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од СВР Велес.