Трајче Мечалов е назначен за нов командир на сообраќајната полиција во Секторот за внатрешни работи – Велес. Тој својата кариера во Министерството за Внатрешни работи ја започнал во 2008 година како полициски службеник во Полициската станица од општа надлежност – Велес како помлад полицаец.
Од 2014 до 2020 година е распореден во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај – Велес (БПС), движејќи се во службата од полицаец за БПС и полицаец за вршење на увиди на сообраќајни незгоди, до раководител на групата за увиди на сообраќајни незгоди.
Во периодот од 2020 до 2024 годин извршувал работни задачи како дежурен – виш инспектор, а подоцна и раководител на Центарот за известување и командување (ЦИК) на СВР Велес. Во текот на 2024 година распореден е како главен инспектор во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, од каде сега ја превзема функцијата – командир на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Велес.