Трето авионско прскање против комарци во недела во Велес и велешко

Општина Велес во недела 11 август во периодот од 05:00 до 08:00 часот ќе го спроведе третото теристичко прскање против комарци.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Општина Велес ги извести и пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 12 август 2024 (понеделник).

Можеби ќе ве интересира: