Велешката полиција уапси 35-годишен кавадарчанец кој се барал за издржување казна затвор.
„На 28.11.2024 во 00.50 часот во Велес на ул. „Благој Страчковски“ од страна на полициски службеници од СВР Велес од слободa е лишен Д.Џ(35) од Кавадарци, кој бил баран по наредба од КПУ Затвор Гевгелија“, информираа од СВР Велес.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката.