Велешката полиција вчера привела триесет и осум годишен велешанец кој бил баран со потерница за издржување казна затвор.
„На 08.12.2024 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле М.И.(38) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово“, информираа од СВР Велес.
Лицето било спроведено во установата за издржување на казната.