Полицијата уапси велешанец кај кого пронашла марихуана. Претресот се случил синоќа пред полноќ во неговиот дом, соопшти СВР Велес.
„На 07.10.2020 околу 23.00 часот, полициски службеници од СВР Велес од слобода го лишиле Т.Ј.(26) од Велес затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од растението канабис сатива. Тој бил приведен во полициска станица, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес“.
По целосно документирање на случајот, против велешанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: