Полициски службеници од Полициско одделение Чашка ноќеска, уапсила четири лица, сите од Велес, поради палење на бакарни кабли во село Ново село, општина Чашка.
Содржината продолжува под рекламата
На 30.03.2024 во 00,40 часот во село Ново село, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.С.(42), С.Ф.(44), Н.Ф.(36) и С.К.(52) сите од Велес. Тие биле затекнати како палат бакарни кабли во селото, кои ги поседувале со испратница и транспортен формулар за отпад од фирма кои биле донесени во селото со товарно возило „пежо боксер“ со скопски регистарски ознаки“, соопштија од велешката полиција.
Содржината продолжува под рекламата
Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител, предметите и возилото биле одземени и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: