Учениците од 1-4 одделение на ООУ „Блаже Конески“ ја честитаа Новата година на децата во велешката болница

Учениците од 1-4 одделение на Основното училиште „Блаже Конески“ ја честитаа Новата 2025 година на децата кои се на болничко лекување во детското одделение на Општата болница Велес.

Со големо срце и желба за брзо оздравување, малите ученици, под менторство на наставничките Орданка и Христина, изработија рачно направени честитки и скромни подароци. Овие подароци, кои носат топлина и љубов, беа подари на децата кои времето го поминуваат во болница, со надеж дека ќе им донесат среќа и радост во Новата година.

Agria

Со овие мали, но значајни гестови, тие сакаат да им покажат на дечињата дека не се сами, и дека им посакуваат многу здравје и насмевки во 2025 година.

Овој хуманитарен гест е уште еден пример на солидарност и љубов во училиштето „Блаже Конески“, кое редовно организира активности за поддршка на локалната заедница.

Нека ви биде Среќна и благословена Новата 2025 година!

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: