Жителите на oпштина Чашка и околните села, утре од 7 до 10 часот, ќе ги блокираат патните
правци Р 1312 Велес – Извор – Прилеп, кај место викано „Витанска крстосница“ и Р 2344
Чашка – Лисиче – Дреново, кај место викано „Раковска крстосница“.
Содржината продолжува под рекламата
„Секторот за внатрешни работи Велес ги известува жителите на oпштина Чашка и околните
села дека поради најавен протест од група на граѓани на 05.02.2024 година во времето од
07.00 часот до 10.00 часот ќе бидат целосно затворени за сообраќај регионалните патните
правци Р 1312 Велес – Извор – Прилеп, кај место викано „Витанска крстосница“ и Р 2344
Чашка – Лисиче – Дреново, кај место викано „Раковска крстосница“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Протестите се против воведување на посебна албанска паралелка во училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка, и разрешување на директорката на училиштето Елена Николова.
Можеби ќе ве интересира: