Вечерва на малата сцена на Театарот „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ во Велес, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Мајка“.
Режисер е Јордан Витанов, а драматург – Сашо Димоски. Со оваа претстава, актерката Зорица П. Панчиќ одбележува јубилеј – 30 години на театарската сцена. Покрај неа, во претставата настапуваат и актерите Васил Зафирчев, Сандра Танчева и Кире Ацевски. Сценографијата е на Јордан Витанов, костимографијата на Раде Василев, а избор на музиката на Сашко Костов.
Претставата е работена по текст на Флоријан Зелер, современ француски романсиер, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер.