Велес го одбележа 24 мај со признанија за најдобрите ученици, оратори и просветни работници

Nagradi za 24 maj 2025 godina

Во чест на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, во големата сала на Општина Велес традиционално се одржа свечен настан на кој беа доделени признанија на најистакнатите ученици, оратори и просветни работници. Настанот, кој секоја година претставува симбол на почит кон образованието и културата, повторно ја потврди посветеноста на велешката заедница кон знаењето и просветителството.

Во свечена и достоинствена атмосфера, беа прогласени најдобрите во неколку категории. Признание за најдобар оратор доби Лана Басаров, додека за најуспешни ученици беа прогласени Лука Коциќ (основно образование) и Кристијан Мартинов (средно образование). Наградени беа и тројца истакнати наставници: Вера Трчкова (одделенска настава во основно образование), Даниела Димовска (предметна настава во основно образование) и Христина Леова (средно образование).

Agria

Настанот беше уште една потврда за важноста на вложувањето во образованието и поддршката на оние кои со својата работа, знаење и ентузијазам придонесуваат за подобра иднина на младите генерации.

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: